- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Напредок во изработката на почвена мапа на Република МакедонијаDate of publication: 21 August 2014
По извршените теренски наоди и истражувања и лабораториските анализи на собраните почвени профили во моментов се работи на комплетирање на процесот на дигитализација на Проектот „Македонски почвен информациски систем“. Очекуваме сите предвидени активности да завршат во определениот рок до јуни 2015 година, информираа на денешниот состанок со министерот Михаил Цветков, експертите од Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт кои работат на реализацијата на овој Проект. Проектот „Македонски почвен информациски систем“ во вредност од 340 000 долари се спроведува со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО. Во проектот учествуваат и Македонската Академија на науките и уметностите, Факултетот за шумарство и Природно-математичкиот факултет во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој систем ќе овозможи интеграција на почвите со други гранки во земјоделството и ќе биде основа за следење на промените како резултат на природен процес, интервенцијата на човекот и влијанието на климатските промени. На министерството и на фармерите треба да им помогне во планирањето на видот и обемот на земјоделското производство, утврдување погодни површини за засејување со одредени култури, одредување на ризикот од ерозија и суша, а ќе се користи и при развивање на регионални планови за рурален развој. Министерот Цветков посочи дека изработката на почвената мапа и нејзината функционалност е од големо значење за градење на стратегија во земјоделството,а со тоа ќе им се помогне и на земјоделците во заштитата и правилното искористување на почвениот потенцијал. Важно е и тоа што податоците од „Македонскиот почвен информациски систем“, истакна министерот Цветков, ќе бидат јавни и достапни до сите заинтересирани институции и поединци преку интернет страницата на министерството. |