- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Одржана работилница од пилот проект за пасоши на растенијатаDate of publication: 27 April 2016На 25-ти и на 26-ти април 2016 година во Охрид, во соработка со италијанските партнери во рамките на Твининг проектот ИПА 2010 „Понатамошно јакнење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика“, беше одржана работилница за реализирање на активностите од пилот проектот за пасоши на растенија. Целта на работилницата беше изнаоѓање начини и преземање на идни чекори за спроведување на системот за пасоши на растенијата. Пасошкиот систем за растенија е комплексна активност за издавање документ (пасош) со кој се потврдува дека одредени растенија и растителни производи кои се движат во рамките на територијата на Република Македонија се слободни (незаразени) од карантински штетни организми. На работилницата учествуваа директорот на Фитосанитарната управа, директорот на Управата за семе и саден материјал, директорот на Државната фитосанитарна лабораторија, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, одговорните лица вклучени во воведување и спроведување на системот пасоши на растенијата, како и експертите г-дин Тицијано Галаси и г-дин Франко Финели. Пилот проектот започна во јануари 2016 година само за производство на саден материјал за одредени овошни видови (јаболка и вишна) и винова лоза, а од 2017 година системот ќе се развие и за останатите земјоделски растенија за кои е потребен пасошот согласно законодавството на ЕУ. |