МЗШВ на терен во увид на штетите од вчерашното невреме

Date of publication: 
14 June 2018
35242655_10156936068230628_503951667008372736_n.jpg

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска по вчерашното невреме во овчеполскиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе, од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари.

Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини.

Бидејќи освен штети врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјални штети, локалните власти денеска организираа итни состаноци на Советите и денеска формираат Комисии за проценка на штетите.

Комисиите кои ќе извршат проценка на предизвиканите штети од невремето проследено со силен дожд, град и ветер.

Засега е утврдено дека има штета на земјоделските површини како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти.
Селото Црниште од вчера е без струја и вода.