- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Земјоделски пазарен информативен систем
Интернет страна на Земјоделски пазарен информативен систем (ЗПИС)
Земјоделски информативен систем (ЗИС) и Интегриран систем за администрација и контрола (IACS) на политиките на поддршка на земјоделството и руралниот развој
За поддршка на изготвувањето на анализи за поставување, спроведување, контрола и следење на ефектите на земјоделска политика и политиката за рурален развој, неопходно е воспоставување на Земјоделски Информативен Систем (ЗИС) како еден од најзначајните краткорочните приоритети од процесот на интегрирање во ЕУ дефинирани во НПАА во делот на хоризонталните прашања. Предвидените активности опфаќаат воспоставување, операционализација и поврзување на следниве административни, контролни и информациони елементи од интегрираниот систем: Единствен регистар на земјоделски стопанства, Систем за идентификација на земјишни парцели (ЛПИС), Мрежа на сметководствени податоци на фарма (ФАДН), Пазарен информативен систем и подобрување на земјоделските статстики. Дел од нив се составни елементи или се во функција на Интегрираниот административен и контролен систем (ИАЦС) за имплементирање и мониторинг на мерките за директни плаќања и рурален развој. Целосното функционирање на системите ќе овозможи поставување на ефикасни политики базирани на потребите и проблемите во секторот, нивно успешно имплементирање со максимално редуцирање на неправилностите и злоупотребите, подобрена контрола и проценка на ефектите од политиките. Интегрирањето на различните бази на податоци и регистри треба да ги олесни процедурите на аплицирање на земјоделците за политиките на поддршка и ќе обезбеди корисни податоци за деловниот сектор. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, МЗШВ е одговорна институција за воспоставување на интегриран информативен систем на податоци кој треба да обезбеди прибирање и обработка на податоци за земјоделскиот сектор, координација и оддржливост во размената на податоци со другите релевантни институции, како и дисеминација на податоците до крајните корисници. Министерството од почетокот на 2007 година интензивно спроведува дел од активностите поврзани со воспоставување на регистрите/базите на податоци кои се составен дел на ЗИС. Интензивирањето на овие активности вклучува набавка на потребните хардверски, софтверски и комуникациски решенија, инстиуционално зајакнување пред се во делот на човечкиот капацитет, и поставување на соодветни процедури на интеринституционална соработка при размена на податоците и нивен проток до крајните корисници.
Земјоделски пазарен информативен систем – концепт
Пошироките цели на земјоделскиот пазарен информативен систем се постојано следење на пазарите на земјоделско-прехрамбени производи преку евиденција и обработка на тргуваните цени и количини, и обезбедување на транспарентен преглед на движењата на земјоделските пазари. Со ваквите навремени и релевантни пазарни податоци се овозможува зајакнување на положбата на националниот агро-прехрамбен сектор на домашниот и странските пазари, и се обезбедува поддршка на анализите за донесување на одлуки во формулирањето на земјоделската политика. Развојот на ЗПИС е пропишан како обврска во делот на регулативите на ЕУ кои го покриваат воспоставувањето на Заедничките основи за уредување на пазарите (ЦМО) и кои се обврска за донесување во вид на подзаконски акти, во најголем дел до крајот на 2008 година. Земјите членки на ЕУ се обврзани за доставување на пазарните податоци до Европската Комисија во вид на редовни извештаји кои се потребни за формулирање на Заедничката земјоделска политика и мониторинг на состојбите на пазарот, особено од аспект на покренување на инструментите за интервенции на пазарите. Сепак покрај оваа обврска, ЗПИС е од особено значење за деловните субјекти за зголемување на нивното знаење за состојбите на пазарите и намалување на наизвезноста и ризикот при донесување на правилни одлуки во делот на маркетингот и планирање на производството. Во таа насока националниот систем ќе биде поставен да биде во корист на деловните субјекти и покрај собирањето и обработката на податоците да обезбеди навремена дисеминација на информациите до корисниците.
Сегашен статус на воспоставување на ЗПИС во Република Македонија
МЗШВ од почетокот на 2008 година превзеде низа активности во насока на создавање на услови за поставување ЗПИС преку формирање на Одделение за следење на пазарите на земјоделско-прехрамбените производи во МЗШВ, избор на групите на производи, пазари, и репортерите кои ги прибираат и доставуваат пазарните податоци. Од октомври 2008 година МЗШВ започна со пилот прибирање на цените од дефинираните пазари пазари преку кои се одвива најголемиот обем од прометот со соодветните производи и пошироко влијааат на формирањето на цените (и тоа: пазари на мало и големо, преработувачи и откупувачи на овошје и зеленчук, млинови, и трговци на основни инпути). Како почетни групи на производи за кои се прибираат цени се избрани овошје и зеленчук, живи животни и месо, житарици и основни инпути во земјоделското производство. Податоците се прибираат од страна на дел од вработените во десет подрачни единици на МЗШВ, и директно од правните лица вклучени во системот. Од почетокот на септември е започнато со пилот прибирање на податоците од поголем број на селектираните пазари[1] за одредените почетни групи на производи (30 градинарски производи, 29 овошни производи, 6 вида на добиток, 4 житни производи, и 15 инпути). Прибирањето на податоците од споменатите пазари се одвива тековно со намера на етапно проширување на обемот на опфат по производи и пазари, и подобрување на квалитетот на системот. Од почетокот на 2009 година е планирано дополнување на листата на опфатени производи со млеко и млечните производи. Правната основа на ЗПИС регулирана во Правилникот за ЗПИС кој ги одредува производите, репрезентативните пазари, динамиката на доставување на податоци како и методологијата на пресметка на цените, е подготвен од страна на министерството и моментално е во фаза на усогладсување со Секретаријатот за законодавство. Паралелно министерството ги докомплетира потребните документи за поддршка на функционирање на системот како што се: прирачници за интерни процедури за работа (прибирање, архивирање и обработка на пазарните податоци) и прирачници за методологија за ЗПИС по групи производи. Почнувајчи од јануари 2009 година за заинтересираните корисници преку веб-страната на МЗШВ ќе бидат достапни првите неделни и месечни извештаји од ЗПИС кои понатаму редивно ќе се објавуваат. Како една од предвидените активности за 2009 година е развој и инсталација на софтверско решение за директен онлине импорт на податоци за ЗПИС од доставувачите од репрезентативните пазари. Според акцискиот план софтверското решение треба да биде функционално најкасно од август 2009 година.
Досега покрај средствата обезбедени од буџетот на Република Македонија и АСАП проектот финасиран со заем од Светска Банка, дел од активностите се поддржани и преку краткорочен проект финансиран и имплементиран од страна на УСДА.
План на активности за воспоставување на ЗПИС во следниот краткорочен период
Во следниот среднорочен период е потребно да се обезбедат услови за воспоставување на функционален ЗПИС по следниве фази:
- Прва фаза: Пилот Земјоделски ценовен информативен систем до ниво кое целосно ги задоволува потребите на македонските фармери, агробизнисот и администрацијата за точни и редовни пазарни податоци и анализи (почеток септември 2008 - рок јули 2009),
- Втора фаза: Земјоделски пазарен и ценовен систем за собирање на податоци со цел имплементација на одредбите за репортирање на пазараните податоци од Основите за уредување на пазарите на земјоделско-прехрамбени производи (ЦМО) на ниво на значителна усогласеност со одредбите од регулативите на ЕУ (рок септември 2009 – септември 2010), Трета фаза: Целосно усогласен Земјоделски пазарен и ценовен систем за потребите на имплементација на мерките за интервенција на пазарите и трговската политика на Заедничката земјоделска политика кој овозможува редовно известување до ЕК-Управата за земјоделство (ДГ - Агри). (рок после септември 2010 до пристапување во членство во унијата). [1] 2 пазари на големо за градинарски производи, 6 пазари на мало за градинарски производи, 6 добиточни пазари, 7 млинови за жито, 6 кланици, 10 преработувачи и отпкупувачи на овошје и зеленчук, и 8 снабдувачи со земјоделски инпути. |