Новости

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, денеска исплатени 22 милиони евра
Дата на објава: 
17 Мај 2018
IMG_6191.JPG

Денеска започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати субвенции за 20.880 тутунари во вкупна вредност од 22 милиони евра, односно околу 80% вкупниот очекуван износ за авторизација. Во следните неколку денови, веднаш по извршените контроли, ќе се исплатат и останатите 20%.
Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешната посета на селото Ивањевци во општина Могила заедно со директорите на Платежната агенција и на ДИЗ, Николче Бабовски и Јане Станкоски.
„Продолжуваме со политиката на навремени субвенции и враќање на парите назад кај граѓаните тогаш кога им се потребни за да инвестираат во новата реколта.Оваа година тутунарите добија зголемени субвнции во три нивоа.На овој начин ги мотивираме тутунарите да произведуваат квалитетен тутун“, изјави министерот Николовски.


Шефот на ФАО, исто така, повикува на акција за стимулирање здрава исхрана и намалување на отпадот од храна
Дата на објава: 
17 Мај 2018
jpg

17 мај 2018 година, Вороњеж, Руска Федерација - Постигнување на целта ‘Свет без глад’ во Европа и Централна Азија бара поддршка за малите земјоделски стопанства и семејните фарми во намалување на сиромаштијата и, со оглед на климатските промени, одржливо управување со природните ресурси, истакна Генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва.

Регионот "постигна значителен напредок" во намалување на неисхранетоста во текот на изминатите години, “но во некои земји гладта е сè уште загрижувачка", рече Грацијано да Силва на отворањето на Регионалната конференција на ФАО за Европа и Централна Азија, која е во тек, на која присуствуваат министри и други високи функционери од 42 земји.

"Постојаната неисхранетост и руралната сиромаштија во Европа и Централна Азија повикуваат на уште поголеми напори ако сакаме да постигнеме Свет без глад до 2030 година", изјави Генералниот директор на ФАО за учесниците на конференцијата.


Во четврток започнува исплатата на субвенциите за тутунот
Дата на објава: 
15 Мај 2018
logo_mzsv.png

Во четврток, оваа недела, ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017 –та. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите.
Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.
Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.
Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.


Николовски: Создаваме услови за развој на примарното производство на свинско месо и за преработувачката индустрија
Дата на објава: 
14 Мај 2018
IMG_5800.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на отворањето на новиот преработувачки капацитет на фармата Единство Челопек, кланицата „Мич Челопечко“. Министерот Николовски посочи дека модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на оваа фарма се докажува дека условите кои ги создава Владата за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат резултати.


Нов Протокол за побрз проток за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи
Дата на објава: 
14 Мај 2018
DSC_7732.JPG

Директорите на Царинската Управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, во присуство на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, денеска потпишаа нов Протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица.

Овој протокол, како што истакна министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско – прехранбени производи.


Syndicate content