Преку поинтензивен билатерален дијалог до посилни економски врски меѓу Македонија и Словенија
Дата на објава:
11 Мај 2018Љубљана, 10.05.2018 Вчера и денеска главниот град на Словенија беше домаќин на 11. Седница на Мешовитaта комисија по Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија. Македонската страна ја предводеше државниот секретар во Министерство за економија г-дин Зоран Павловски, а словенечката беше предводена од државниот секретар во Министерство за надворешни работи на Република Словенија, г-дин Изток Мирошич,
Целта на Мешовитата комисија е развивање и унапредување на вкупните билатерални економски односи меѓу двете земји во повеќе економски области, како и развивање на можности, изнаоѓање на решенија и иницирање на предлози за подобрување на условите за економската соработка.