Новости

Земјоделците од Ранковце ќе добијат современ систем за наводнување,од Славишко поле започнува проектот за еколошки систeм
Дата на објава: 
4 Мај 2018
Ran3.jpg

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претстaвниците од Делегацијата на Европската унија денеска ја посети општина Ранковце, една од локациите за спроведување на проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Во оваа општина, станува збор за системот за наводнување на Славишко поле, кој што е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини во оваа општина. Според првичните анализи, изградбата на овој систем за наводнување ќе чини околу 1,6 милиони евра, а средствата се веќе обезбедени од програмата ИПА 2015.

Тековниот систем за наводнување во Славишко Поле се состои од привремен зафат на Крива Река, со кој што се наводнуваат до 40 хектри. Новиот систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари и ќе донесе придобивки за повеќе од 250 домаќинства кои се занимаваат со земјоделство во Ранковце, Гиновце и Псача.


ФАО го објави повикот за интерес за изработка на Физибилити студии за консолидација на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
3 Мај 2018
logo_mzsv.png

Организацијата за храна и земјоделство на ОбединетитеНации (ФАО), го објави повикот за изразување на интерес за учество на тендер за консултантски услуги за “Физибилити студии за консолидација на земјиште во 12 консолидациони области во Македонија”. Физибилити студиите треба да ја покажат оправданоста на спроведување на консолидацијата на земјоделското земјиште во претходно идентификуваните 12 потенцијални области низ државата.
Објавувањето на јавниот повик е во рамките на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (MAINLAND) кој го спроведува ФАО заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со огласот се покануваат сите овластени геодетски компании кои се заинтересирани да земат учество во престојниот тендер да достават изјави за интерес според насоките и барањата дадени на следниот линк:https://www.ungm.org/Public/Notice/71062. Рокот за доставување на изјавите за интерес е 07 мај 2018 година.


Донесени и изменети пет закони во интерес на земјоделците
Дата на објава: 
3 Мај 2018
logo_mzsv.png

Собранието усвои измени и дополни на пет закони во областа на земјоделството. Станува збор за законите за земјоделство и рурален развој, за ловство, за рибарство и аквакултура, за консолидација на земјоделско земјиште и за семенски и саден материјал за растенија. Сите овие измени на закони се од исклучително значење за развојот на земјоделството, а од кои главна придобивка ќе имаат земјоделците.
Со измената и дополнувањето на Законот за земјоделско земјиште, законски се официјализира воведувањето на мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Над 54.000 земјоделски стопанства кои имаат евидентирано земјоделски површини во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, ќе имаат поевтино гориво за механизацијата. Со мерката драстично ќе се намалат производствените трошоци, што е еден условите за поконкурентно производство. На овој начин во земјоделството остануваат над пет милиони евра.


Рокот за поднесување барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни
Дата на објава: 
2 Април 2018
logo mzsv 1.png

Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12.06.2018 година. За таа цел Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на Влада.
Првично, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјаснија дека нема да имаат време до првичниот рок 15-ти мај да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што пак претставува услов за поднесување на барања за субвенции говеда, овци и кози.
Исто така продолжување на рокот бараа и производителите на лозови калеми, кои посочија дека им е потребно дополнително време за да можат целосно да ја подготват потребната документација за мерката за субвенции за произведени и продадени лозови калеми.


Објавен огласот за дел од земјиштето на Џумајлија, следуваат нови огласи за давање под закуп на државно земјоделско земјиште
Дата на објава: 
30 Април 2018
dzum2.jpg

Денеска во Службен весник се објави огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште од над три хектари во регионот на Свети Николе, односно дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат Џумајлија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во с.Сарамзалино, општина Лозово, деталите за огласот им ги соопшти на земјоделците од овој регион.
Јавниот оглас е за над три хектари, а се распишуваат 907 хектари државно земјоделско земјиште, поделено 10 блока. Овие 10 блока, се дел од третата од 4-те географски целини.


Syndicate content