Новости

Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до поконкурентно производство
Дата на објава: 
19 Јуни 2018
IMG_9178.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори десеттата по ред ,„ЛЕНДНЕТ“ интернационална работилница, која оваа година се фокусира на најдобрите легислативни практики за консолидацијата на земјоделското земјиште.

„Со експертиза на ФАО, Министерството во континуитет ја подобрува законската рамка за консолидација на земјиште во Македонија. Измените на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, кои се усвоија од страна на Собранието минатиот месец, се важен чекор кон ефикасно и транспарентно спроведување на активностите. Во моментот на терен се спроведува консолидација на земјоделското земјиште на 12-те избрани подрачја во земјата. Наша крајна цел е да ја зголемиме конкурентноста на земјоделското производство, да ги подобриме условите за живот во руралните средини и да обезбедиме одржливо користење на природните ресурси.“ – изјави Николовски.


ЈАВЕН ПОВИК за продажба на земјоделско земјиште под оранжерии и помошни објекти
logo_mzsv.png

Врз основа на член 22-б став (1) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/13, 106/13, 37/13, 61/15, 97/15, 215/15 и 51/18), Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на јавниот повик е доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата евидентирано во катастарот на недвижности како нива под оранжерии, нива под помошни објекти, нива под објекти за примарна обработка на земјоделски производи и земјиште меѓу објекти со мери и граници определени со геодетски елаборат.

Додаток за превземање: 

Николовски: Поттикнуваме поголема искористеност на финансиските средства од ИПАРД фондовите
Дата на објава: 
14 Јуни 2018
IMG_8603.JPG

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на отворањето на новата производствена линија за мрзнење на овошје и зеленчук на фабриката за преработка на овошје и зеленчук „Ксенос“, во Демир Хисар.
Новата производствена линија на оваа компанија е изградена со кофинансирање од ИПАРД 2 Програмата, односно вкупната инвестиција е над 900.000 евра , од кои 470.000 евра се сопствена инвестиција, а 430.000 евра се обезбедени од ИПАРД II програмата, преку мерката Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи.


МЗШВ на терен во увид на штетите од вчерашното невреме
Дата на објава: 
14 Јуни 2018
35242655_10156936068230628_503951667008372736_n.jpg

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска по вчерашното невреме во овчеполскиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе, од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари.

Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини.

Бидејќи освен штети врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјални штети, локалните власти денеска организираа итни состаноци на Советите и денеска формираат Комисии за проценка на штетите.

Комисиите кои ќе извршат проценка на предизвиканите штети од невремето проследено со силен дожд, град и ветер.

Засега е утврдено дека има штета на земјоделските површини како лозови насади, површини со житни култури и зеленчук, но и материјална штета на објекти и приватни имоти.


Од оваа година повисоки субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети
Дата на објава: 
13 Јуни 2018
komitete.jpg

Денеска во Владата на на Република на Македонија се одржа втората седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна, со кој што претседаваше заменик претседателот на Комитетот, односно министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На седницата присуствуваа советничката за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, како и останатите директори на институциите од областа на земјоделство и претстваници од МЗШВ.


Syndicate content