Соопштенија

СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
21 Јули 2010

Одлука за воведување на мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно, со откуп на пченица произведена во Република Македонија


Имајќи ги во предвид дека постои опасност од сериозно нарушување на пазарот со пченица во претстојниот период кое може да ги загрози целите на националната земјоделска политика, а со цел ублажување на дисбалансот на пазарот на пченица во однос на зголемената понуда и намалување на пазарната цена под прагот на рентабилност, Владата на Република Македонија на предлог на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлуката за воведување на мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно, со откуп на пченица произведена во Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.94).

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Пуштен патот во селото Панчарево кај Пехчево
Дата на објава: 
12 Јули 2010
Pehcevo 045.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски денеска го пушти во употреба патот во пехчевското село Панчерево, долг еден километар.

 

За изградба на патот се потрошени 2,5 милиони денари, средства од Програмата за рурален развој.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
28 Јуни 2010

Фитосанитарната управа во петок,02.07.2007год, во 11 часот во салата за состаноци во поранешна Македонија Табак ќе одржи јавна расправа за Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубрива.

 

Ве покануваме за присуство и активно вклучување во јавната расправа.

 

Сите забелешки предлози и сугестии за овој Предлог Закон можете да ги доставите на е-маил адресата:

 

[email protected]


Завршна средба на министерот Димовски со тускиот амбасадор Окчал
Дата на објава: 
10 Јуни 2010
Dimovski Okcal.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наскоро ќе го потпише протоколот за соработка со Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Турција со што и на институционално ниво ќе се интензивира воспоставената соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Ова го најави  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, неговата екселенција Аслан Хакан Окчал, по повод  завршувањето на неговиот мандат.

 

-Република Турција е голем производител, но и  голем пазар со можност за пласман на одредени земјоделски производи кои се за нас стратешки. Република Турција е нашиот искрен пријател и поддржувач и во областа на земјоделството и затоа изразуваме благодарност за досегашната соработка и поддршка, со убедување дека воспоставените односи ќе продолжиме  да се развиваат и со новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија - рече министерот Димовски.


Соопштение
Дата на објава: 
15 Мај 2010
New Image.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој е во посета на новосадскиот саем имаше средба со српскиот министер Саша Драган за земјоделство на која се разговараше за соработката на двете министерства.Министерот Димовски на стредбата го отвори прашањето за долгата процедура при увоз на македонското свинско месо во Р.Србија.Овој проблем како што истакнал министерот Драган за една недела очекува дека ќе биде надминат,односно ќе се имаат во предвид сертификатите што ги издава нашава земја.

 


Syndicate content