Дата на објава:
13 Декември 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев денеска ги посети оранжериите на штипската фирма „Еко Оаза Самандов“.
Цветков изрази задоволство од посетата на фирмата, која важи за најголем производител на оранжериско производство во земјава. Од вкупно 240 хектари под стакленици во Македонија, оваа компанија располага со 36 хектари.
- Она што најмногу ме израдува е дека над 80 % од нивното производство оди за извоз. Ова ме охрабрува и ние како Министерство за земјоделство ќе ги направиме сите напори со цел сите финансиски средства кои што ни стојат на располагање да ги искористиме, како преку Платежната агенција, така и од ИПАРД програмата кои што се доста високи. Имено, во наредните пет години ќе имаме на располагање 106 милиони евра, така што оваа прилика ја користам сите заинтересирани да се јават во Платежната агенција и да конкурираат на огласите за да можеме да ги искористиме овие средства, вели Цветков.