Соопштенија

Услови за трговија со семе и саден материјал
Дата на објава: 
25 Февруари 2010

Од 3.500 до 5 илјади евра казна за правното лице и 1300 до 2 илјади евра во денарска противврденост за одговорното лице на компанијата, но и забрана за вршење на дејноста во временски период од 1 до 5 години. Ова е  казната за компаниите за кои Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ)  ќе констатира дека  вршат неовластена трговија со семе и саден материјал.


Соопштение
Дата на објава: 
21 Февруари 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска беше во општина Новаци и заедно со градоначалникот Лазар Котевски во обиколка на поплавените земјоделски површини.

 

На самото место е констатирано дека водите од Црна река се во опаѓање,подземните води се повлекуваат,а поради северниот ветер кој оневозможува брзо топење на снегот не се очекува нагло зголемување на водостојот на реките.Помалите реки од овој регион исто така немаа зголемување на водостојот.

 

Состојбата и натаму се следи и доколку има потреба ќе бидат вклучени и екипи на регионалниот центар за справување со кризи кој со пумпи и механизација ќе интервенираат на терен.Механизацијата која ја поседува водостопанското претпријатие исто така ќе биде вклучено по потреба.За овој регион обезбедени се и вреќи со посекок што треба да помогнат во спречувањето на излевање на водите


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
12 Февруари 2010

Во понеделник 15 февруари,  почнува  пријавувањето за субвенции за произведено и предадено карвјо млеко за периодот од 1 октомври до 31 декември 2009 година.

 

Пријавувањето е преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 15 март, за остварување на субвенција од 2,50 денари за литар. Правото ќе можат да го искористат сточарите кои произвеле и предале млеко во регистрирани млекарници.

 

За пријавување за субвенции за млекото предадено од 1 јануари до 31 април 2010 година во регистрираните мелкарници ќе почне на 15 мај и ќе трае до 15 јуни,третата фаза на пријавување ќе почне на 5 октомври и ќе трае до 5 ноември и тоа за млекото кое сточарите го предале во регистрирани млекарници во периодот од 1 мај до 30 септември годинава.

 

За финансиска поддршка на вкупното сточарско производство, со Програмата за  финансиска поддршка во земјоделството, годинава државава одвои повеќе од една милијарда и 733 милиони денари


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
12 Февруари 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски утре 13.02.2010 година(сабота) во 11 часот ќе оствари работна посета во светиниколската месна индустрија МИК Свети Николе.На средбата со менаџерскиот тим на МИК ќе стане збор за состојбите во сточарството и во преработувачката индустрија.

По посетата во 12 часот е предвидена изјава за медиумите.


Финансиска поддршка во сточарството за годинава
Дата на објава: 
10 Февруари 2010

Повеќе од 1 милијарда и 733 милиони денари одвои годинава државава за финансиска поддршка на сточарското производство со Програмата за  финансиска поддршка во земјоделството. За унапредување на производството, со годинашнава Програма, субвенции ќе добијат одгледувачите на говеда, овци, кози, свињи, живинарите, пчеларите, како и оние кои се занимаваат со алтернативно сточарско производство, односно за одгледувачите на ноеви и полжави.


Syndicate content