Соопштенија

Јавно отворање на понуди за концесии на ловни региони
Дата на објава: 
8 Февруари 2010

Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска се изврши јавно отворање на понудите за  давање на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во ловните реони  Гевгелија, Валандово, Битола, Берово, Охрид, Куманово,  Кочани и Скопје.

Право на учество на јавниот конкурс имаа сите домашни и странски правни лица, кои меѓудругите ги исполнуваат и следните услови:


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
2 Февруари 2010

Перица Иваноски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, среда , 3.02. 2010 година, во Министерството за земјоделство ќе одржи работен состанок со претставници на пчеларските здруженија.

Тема на состанокот  ќе биде актуеланите состојби во пчеларството.

Изјава за медиумите во 11,30 часот.

Покануваме  новинари, сниматели и фоторепортери.


Што и колку ќе се финансира во растителното земјоделско производство
Дата на објава: 
28 Јануари 2010

Од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството  за 2010 година за растителното производство, се одвоени околу 2,9 милијарди денари. Ова се најголемиот дел од парите предвидени за  поддршка на аграрот од  5,3 милијарди денари или околу 100 милиони евра за субвенции во земјоделството и во руралниот развој.

По 8 илјади денари за хектар ќе добијат земјоделците за производство на житните култури за најмалку 3 декари од секоја култура одделно. Висината на поддршката се редуцира во зависност од големината на засеаните површини. Стопроцентна исплата на  субвенциите ќе добијат производителите кои имаат засејано до 20 хектари. Дополнителна финансиска поддршка  од 2 илјади и 500 денари за хектар ќе добијат прозводителите кои употребиле сертифициран семенски материјал.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
26 Јануари 2010

Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, среда, 27.01.2010 година, во 11 часот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи работен состанок со претставници на Федерацијата на фармери во РМ.

 

На состанокот ќе се разговара за финансиската поддршка на земјоделците во 2010 година, актуелните состојби во земјоделското производство, за предлозите на Федерацијата на фармери кои се однесуваат на критериумите за остварување на право на финансиска поддршка во делот на сточарското производство и за други актулени теми.

 

Изјави за медиумите во 12,30 часот.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.


Соопштение
Дата на објава: 
8 Јануари 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, сабота, 9.01.2010 година, во 10 часот, ќе ги обиколи одводните канали во општина Петровец и ќе го презентира планот за чистење на речните корита и каналите во 2010 година.

 

Поаѓање во 10 часот од просториите на општина Петровец.


Syndicate content