Новости

Нов систем за наводнување во валандовско, објавен јавниот повик за изведувач за Програмата Јужновардарска долина втора фаза
Дата на објава: 
21 Мај 2018
33030775_10215591874663577_8837423522562179072_n.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за изведувач за проектот за наводнување на Јужната долина на Вардар, втора фаза. Проектот предвидува изградба на водостопанска структура за пренасочување на реката Вардар, рехабилитација на водозафатот и целосно автоматизирана пумпна станица. Ќе се гради главен гравитационен цевковод со 4 препумпни станици и ќе се модернизира мрежата за наводнување.
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги повика сите квалификувани понудувачи да достават понуди за изведба на работите на системот за наводнување Валандово, кој е опфатен со проектот. Јавниот повик трае до 4 јули годинава.


ФАО ќе и помага на Македонија при отпочнување на преговорите со ЕУ и отворањето на поглавјата од областа на земјоделството
Дата на објава: 
20 Мај 2018
33036178_10215579358070670_4253980320015056896_n (1).jpg

Во рамки на меѓународната министерска конференција за „Значењето на пчелите и другите опрашувачи за одржливо земјоделство и безбедност на храна“, што се одржува во Брдо при Крањ, Република Словенија, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации - ФАО , Хозе Грацијано да Силва.
На средбата се дискутираше за работата на техничките групи на МЗШВ и подготовката на програмската рамка на ФАО за Република Македонија за периодот 2018-2020 која ќе се потпише за време на 10-тата регионална конференција LANDNAT која ќе се одржи во Скопје од 19-21 Јуни. Со ова се идентификувани областите за кои ФАО ќе обезбеди техничка и финансиска помош за Република Македонија.
Министерот Николовски на средбата потенцираше дека после 10 години, МЗШВ ќе назначи свој постојан претставник во мисијата на ФАО во Рим.


Заев, Анѓушев и Бабовски во увид на капацитетот во изградба кој повлече најмногу средства преку ИПАРД II програмата
Дата на објава: 
19 Мај 2018
20180518_231152.jpg

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски во рамки на вчерашната посета на Струга одржаа работен состанок со претставници на компанијата „Подгорка“.
Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски на работниот состанок ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата.


Николовски: Македонија дава силен придонес за зачувување на пчелите, како важна гранка за земјоделството и животната средина
Дата на објава: 
19 Мај 2018
IMG_6837.JPG

Пчеларството е гранка која има важен придонес во земјоделскиот сектор и во зачувување на животната средина, поради што Владата на Република Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е силно посветена на развојот на оваа значајна гранка, порача министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во денешното обраќање на меѓународната министерска конференција „Значењето на пчелите и другите опрашувачи за одржливо земјоделство и безбедност на храна“, во Брдо при Крањ, Република Словенија. Оваа конференција се одржува по повод „Светскиот ден на пчелата“, а под покровителство на словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и храна.
Министерот Николовски посочи дека Македонија се одликува со сопствен автохтон род пчели, а бројот на пчелини семејства денес е проценет на околу 90.000.


ЈАВЕН ПОВИК за „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар“ II фаза
logo_mzsv.png

Согласно директивата за Набавка на KfW “Упатствата на KfW за Набавка на Добра, Градежни работи и поврзани Услуги, во Финансиската Соработка со Земјите партнери“ издадена од страна на Kreditanstalt für Wiederaufbau (KFW) Банка, Германија, (верзија од Август 2016 година) и Договорот за Заем помеѓу Владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, за финансирање на проектот „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар“ , Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, донесува, објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К

за набавка бр. 02-6106/2018

1. Набавувач
Набавувач е Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Управа за Водостопанство, претставувана од Единицата за Имплементацијата на Програмата, ул. “Јосиф Јосифовски” (барака) Гевгелија.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content