- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Цветков во посета на штипските оранжерии „Еко Оаза Самандов“Дата на објава: 13 Декември 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев денеска ги посети оранжериите на штипската фирма „Еко Оаза Самандов“. Цветков изрази задоволство од посетата на фирмата, која важи за најголем производител на оранжериско производство во земјава. Од вкупно 240 хектари под стакленици во Македонија, оваа компанија располага со 36 хектари. - Она што најмногу ме израдува е дека над 80 % од нивното производство оди за извоз. Ова ме охрабрува и ние како Министерство за земјоделство ќе ги направиме сите напори со цел сите финансиски средства кои што ни стојат на располагање да ги искористиме, како преку Платежната агенција, така и од ИПАРД програмата кои што се доста високи. Имено, во наредните пет години ќе имаме на располагање 106 милиони евра, така што оваа прилика ја користам сите заинтересирани да се јават во Платежната агенција и да конкурираат на огласите за да можеме да ги искористиме овие средства, вели Цветков. Тој додава дека примерот за успешно оранжериско производство на штипската фирма Еко Оаза Самандов треба да го следат и останатите фирми и земјоделци, бидејќи со инвестициите во изминатите 10 години, оваа фирма е водечка во извоз на корнишони и пиперки и има континуирано производство во текот на целата година. |