- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
МЗШВ и ФАО започнаа со утврдување на приоритетите за новите проекти поддржани ФАОДата на објава: 13 Октомври 2017Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), денеска заедно со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство започнаа со утврдување на новите приоритетни области од Програмската рамка на ФАО за Република Македонија, за период 2018 – 2020. Во Програмата ќе бидат утврдени приоритетните области кои се произлезени од стратешките документи на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, првенствено од Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014 – 2020, што беше изготвена со помош на ФАО, а во рамки на овие области ќе бидат планирани конкретни проекти и програми за идната техничка поддршка од страна на ФАО. На денешната работилница со претстваниците од ФАО и од МЗШВ беше потенцирано дека при планирањето на помошта треба да се има предвид, за кои области ФАО поседува техничка експертиза и компаративна предност во однос на други меѓународни организации, како би се постигнал максимален ефект и најдобри резултати од идните проекти. Откако ќе се усвои Програмската рамка од страна на Владата и од страна на ФАО, двете страни ќе се обврзат да ги стават на располагање потребните човечки, финансиски ресурси и материјални средства за успешно да се спроведат предвидените проекти. Ова е многу важно од аспект на планирање на динамиката на спроведување на приоритетните проекти и временската рамка за остварување поставените цели во рамки на надлежностите на Министерството за земјоделство, шумарство и воедостопанство. На работилницата, претстваниците од Министерството за заемјоделство, шумарство и водостопанство ги презентираа приоритетите на Владата во земјодеслтвото во наредниот период, групирани во неколку специфични области:
Како потенцијални области за поддршка од страна на ФАО беа потенцирани и идните инвестиции во водостопанството, преку изработка на национална стратегија за наводнување и одводнување и развивање модел за ефикасно управување со системите за наводнување. Во шумарството беше посочена можноста за инвентаризација на шумскиот фонд, за која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби согласност од ФАО за ревизија на постоечката методологија за инвентаризација. Како важна потенцијална област за поддршка беше споменат и системот за управување со ризици во земјоделското производство, кои би ги вклучиле и ризициите од временските непогоди и потребата од осигурување на земјоделското производство.
|